Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо и Роналдо убедени: Винисиус ја заслужи „Златната топка“

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор стана европски првак со Реал Мадрид, а двајца негови славни сонародници сметаат дека уште сега ја заслужува „Златната топка“.

Бразилецот ќе ја предводи својата репрезентација на Копа Америка, што е предуслов да си ги зголеми шансите за престижното признание, кое ќе биде доделено на 28. октомври во Париз.

Ривалдо и Роналдо сметаат дека Винисиус направил доволно и досега, па евентуалното освојување на Копа Америка само би му помогнало дополнително.

– Вини е посветено момче и треба да му се честита.

– Тој ја заслужува „Златната топка“, па иако ја заслужува и сега, нема подобар начин да ја освои по триумф на Копа Америка, тоа би било уште подобро, – вели Ривалдо.

– Винисиус имаше спектакуларна сезона во Ла Лига и Лигата на шампионите и постојано напредува и еволуира. Мислам дека неговото време дојде и сезонава беше одлучувачки фактор за Реал Мадрид, – истакнал Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни