Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ривалдо: Гледам само еден фаворит за финалето во ЛШ

Објавено

на

По реванш натпреварите во вторникот и средата, ги дознавме четирите патници во полуфиналето во Лигата на шампионите, а со оглед на тоа што целосната ждрепка беше претходно направена, познати се и полуфиналните парови во најелитното натпреварување.

Реал Мадрид ќе игра против Челси двомеч во Шпанија и Англија, а во втората пресметка силите ќе ги одмерат клубовите кои потрошија најмногу пари во изминатите неколку години, Манчестер Сити и ПСЖ.

Легендарниот Ривалдо направи своја најава за полуфиналните дуели, во кои гледа само еден изразит фаворит за пласман во големото финале кое ќе се игра во Турција.

– Го гледам Реал Мадрид како единствен фаворит за пласман во финалето во Лигата на шампионите. Станува збор за солиден тим со огромно искуство, а нивна предност е тоа што секогаш играат најдобро на вакви натпревари. Реал се претвори во специјалист за вакви натпревари во последната декада.

– Челси има свои силни страни, но Реал има далеку поголемо искуство и знае како да победува во вакви моменти. Сите критики кои ги доби Зидан и неговиот тим на средина на сезоната сега се испрани, секоја чест за одговорот кој го приредија. Реал Мадрид се бори за титулата во Ла Лига и е главен фаворит за пласман во финалето каде секогаш победува. Секоја чест за тренерот и за играчите за пресвртот кој го направија во краток временски интервал.

– Во другото полуфинале ќе биде нависитна возбудливо. Пеп Гвардиола очајно сака да ја освои Лигата на шампионите со Сити, но нема да му биде лесно против ПСЖ. Таму нема изразит фаворит, – вели Ривалдо за „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни