Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ривалдо даде интересна прогноза за финалето на ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/RIVALDOOFICIAL

Во сабота ќе биде спуштена завесата за оваа сезона во Лигата на шампионите и тоа со дуелот на „Вембли“ на кој за пехарот ќе се борат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Дефинитивно е изненадување што бундеслигашот се најде во оваа фаза, но „милионерите“ минаа многу тешки предизвици за да стигнат до тука, па дефинитивно ќе имаат што да кажат и ќе се борат до крај против тимот кој на хартија е фаворит поради повеќе причини.

Теренот ќе покаже кој е подобар, посреќен, но додека се чека саботната пресметка сигурно ќе имаме доста предвидувања, тема на која веќе се огласи легендарниот Ривалдо кој очекува триумф на бундеслигашот.

-Реал е фаворит во финалето. Пред неколку недели реков дека ќе биде Реал Мадрид против Борусија, па бев во право. Сепак, реков и дека шампион ќе биде Борусија. Мислам дека Реал е фаворит, меѓутоа Борусија доаѓа со толку многу верба. Тие знаат да играат во ова натпреварување, знаат да играат во тешки натпревари. Тоа го видовме на двата меча што ги одиграа против ПСЖ, добивајќи ги двата натпревари. Да, Реал Мадрид е фаворит, но јас се уште сум со Дортмунд да биде крунисан во шампион, -вели Ривалдо за „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни