Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо: Барселона не може да зависи од магијата на Меси, ситуацијата во клубот е загрижувачка

Објавено

на

blank

Барселона по најновиот кикс со Атлетико Мадрид (2-2) и победата на главниот ривал Реал Мадрид е на добар пат да ја загуби титулата во Примера.

На пет кола до крајот каталонците имаат четири бодови помалку од „кралевите“ што значи ништо не е во нивни раце, а плус и ситуацијата во клубот не е идеална и за тоа говорат и резултатите, па и случувањата на теренот.

Легендата на каталонците Ривалдо смета дека Барса не може да зависи само од Меси, поточно дека му е потребна помош за да се дојде во посакуваните цели и резултати. Воедно славниот Бразилец истакнува дека Антоан Гризман станува проблем за екипата, односно тоа што се случи против Атлетико покажува дека можеби е уште едно промашено скапо платено засилување.

-Барселона не може цело време да зависи од магијата на Лионел Меси. Тој го постигна својот 700. гол со Барселона, што е апсолутно зачудувачки и докажува само колку е фантастичен како играч, секогаш воодушевувајќи ги своите фанови – но тој не може да го носи тимот.

-Играњето зад затворени врати и наштети на Барселона против Атлетико бидејќи гостинот не се соочи со непријателска околина на „Камп Ноу“, но тоа не е изговор за разочарувачките настапи на Барса од враќањето по карантинот.

-Недостаток на креативност и непредвидливост во нападот, исто така доаѓа од недостаток на опции на клупата за Кике Сетиен. Не можам да видам играч на клупата на Барса кој ќе влезе во игра и ќе одлучи натпревар како оној против Атлети. Понатаму, ако сакате да промените нешто, не можете да чекате до крајот на натпреварот и да очекувате дека Антоан Гризман ќе реши нешто со доаѓањето во 90-та минута.

-Не можам да разберам зошто светски првак со Франција, поранешна ѕвезда на Атлетико Мадрид  и мултимилионско засилување за Барселона може да се појави само во последните минути од толку важен меч како оној против Атлети.

-Тоа ми покажува дека нешто не е добро во тимот, затоа што ако не го ставите Гриезман во игра со ваква важност, претпоставувате дека тој не е во најдобра форма и можеби е лошо засилување. Малку е загрижувачка ситуацијата во Барселона во моментов, тие би можеле да останат без титулата во Ла Лига, -порача Ривалдо преку „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни