Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо: Барселона мора да заборави на трансфери, треба да се фокусира…

Објавено

на

Бразилецот Ривалдо мина пет одлични години во дресот на Барселона во периодот од 1997 до 2002, период во кој клубот од „Камп Ноу“ освои две титули во Примера, една во Копа Дел Реј и пехарот во Супер Купот на УЕФА.

Поради ова и сетоа тоа што го направи зборот на Ривалдо има посебна тежина, па тој испрати јасна порака до клубот да заборави на трансфери во овој период, поточно да се фокусира на сегашните предизвици и продолжението на сезоната.

-Клубот мора повеќе да се фокусира на сегашноста и тоа што остана да се доигра во Ла Лига, -рече Бразилцот кој даде коментар и за можната трампа на Барса и Јуве за Артур Мело и Миралем Пјаниќ.

-Изгледа како добар играч, истото важи и за Артур кој исто би бил одлично засилување за Јувентус затоа што е ѕвезда од светска класа. Треба да остане во Барселона, тој е млад и неодамна дојде, -заклучи славниот ас.

Примера треба да продолжи во месец јуни, Барса е прва на табелата со плус два бода во однос на лутиот ривал Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни