Ривалдо: Барселона е поинаков тим со него

rivaldo

Легендарскиот бразилски ас, Ривалдо во последно време редовно дава свој коментар за сите актуелни фудбалски случувања со тоа што некако се издвојуваат неговите ставови за Шпанија и Примера.

Токму во своето последно обраќање говореше меѓу другото за Барселона и кратко и јасно објасни колку Лионел Меси му фали на каталонски гигант кои без Аргентинецот добие само еден од трите досегашни мечеви во оваа сезона, а викендов ги очекува дерби дуел со Валенсија.

-Меси му фали на клубот. Кога е на теренот создава нешто специјално, нешто магично. Им пренесува самодоверба на соиграчите и рпави работите да бидат подобри за Барселона, -вели Бразилецот кој е убеден дека Френки Де Јонг ќе биде идеално засилување за составот од Каталонија.

-Тој го потврди тоа што го очекувавме од него, добро се адаптира во новиот клуб. Јасно е дека е добро засилување за Барселона и ќе ни даде многу во иднина, -порача Ривалдо.

Facebook Коментари