Поврзете се со нас

Лига на нации

Ристовски знае дека не чека тежок натпревар: Сигурно ќе бидат мотивирани против нас

Објавено

на

Офанзивецот на репрезентацијата на Македонија, Милан Ристовски го даде своето видување пред натпреварот кој на „Тоше Проески“ арената ќе го одиграме против селекцијата на Грузија.

Грузијците против Македонија доаѓаат „осоколени“ по двете убедливи победи над Бугарија и Гибралтар и веќе најавија дека во Скопје доаѓаат да победат.

Ристовски истакна дека е скенирана играта на Грузијците и дека е подготвен и нашиот систем на игра, па во четврток очекува позитивен резултат.

– Го покажавме нашиот квалитет на овие два натпревари, но сметам дека можеме уште многу повеќе и се надевам дека тоа ќе го покажеме против Грузија. Сигурно е дека двете победи се од големо значење за самодовербата на Грузија, јасно е дека ќе биде тежок натпревар, ќе бидат мотивирани против нас, се борат за првото место, но ние веруваме во нас, во селекторот, во нашиот квалитет и со желба и борба ќе дојдеме до позитивен резултат.

– Одиме од натпревар во натпревар, направивме анализа за нив и знаеме каде се силни, а кои се нивни слабости. Мислам дека треба да се концентрираме на нашата игра и се надевам дека ќе бидеме успешни во четврток, -изјави Милан Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни