Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски заработил потешка повреда, го очекува долга пауза од терените

Објавено

на

Младинскиот репрезентативец, Милан Ристовски заработил потешка повреда на вчерашниот тренинг на Ријека и го очекува долга пауза од терените.

Ова се информациите кои ги споделуваат хрватските медиумите и во кои се вели дека напаѓачот заработил скршеница на зглобот на десната нога. Тој веќе бил опериран и неофициално го очекува пауза од дури шест месеци.

За Ристовски ова е голем пех со оглед на тоа што се наоѓаше во добра форма, по одличната сезона во Нитра почна да добива шанса и во Ријека. Неговото отсуство ќе се почувствув и во нашата млада репрезентација каде Милан е еден од најдобрите играчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни