Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовски во живо ја гледаше симултанката на Дибиров, па со еден збор го опиша Русинот (Фото)

Објавено

на

Стефан Ристовски поради повреда не можеше да им помогне на своите соиграчи на двата натпревари против Грузија и Бугарија, а отсуството на капитенот и тоа како се почувствува во играта на македонската репрезентација.

Крајот на репрезентативната пауза полека ги врати фудбалерите во клупските средини и Ристовски не го пропушти денешниот спектакл во Загреб, каде тимот на ППД успеа да оствари прва победа во новата сезона во Лигата на шампионите.

Десниот бек преку социјалните мрежи сподели фотографии и покажа дека во живо ја следел симултанката на Тимур Дибиров, кој вечерва беше едноставно незадржлив за Митревски и неговите соиграчи од Порто.

Руското крило постигна десет погодоци и покажа дека класата е присутна и на 39 години, издание кое изнуди и реакција од фудбалерот кој е дете на ФК Вардар.

– Легенда, – гласи описот на Ристовски за Дибиров, потенцирајќи ги боите црвена и црна.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни