Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовски убеден: Ќе победиме и против Борусија и против Хајдук во Сплит

Објавено

на

Стефан Ристовски е еден од капитените на Динамо и важи за играч кој служи за пример за останатите играчи во соблекувалната, па поради таквиот статус, македонскиот фудбалер реши да ги опомене оние кои се уште не се навикнати на големината на клубот од Загреб.

Динамо игра доста променливо во домашното првенство и изминатиов викенд одигра разочарувачко реми во дербито со Ријека (0:0), но сега следуваат два уште поатрактивни дуели, оние со Борусија во Лигата на шампионите, како и гостувањето кај Хајдук во Сплит на крајот на неделата.

– Не чека тежок меч против Борусија, на домашен терен ни доаѓа сериозен и угледен ривал. Мора добро да се подготвиме и да ги изанализираме Германците, а на теренот треба да излеземе со правилна енергија и пристап. Со помош на фановите, тоа треба да биде доволно добар рецепт за позитивен резултат. Навивачите безброј пати не носеа напред, верувам дека така ќе биде и во среда.

– Свесни сме дека против Ријека не игравме атрактивно, немавме посакувана енергија, но навивачите мора да разберат дека е тешко да се игра во континуитет во домашното првенство и во Лига на шампиони. Имаме доста повредени играчи, доста репрезентативци, но и нови играчи кои можеби и не се свесни за големината и барањата кои ги има овој клуб. Како и да е, сигурен сум дека имаме квалитетен тим и сметам дека ќе го докажеме тоа, – изјавил Ристовски пред хрватските новинари, кои директно го запрашале што би избрал меѓу победа над Борусија, или победа над Хајдук на гостински терен.

– Ќе победиме на двата натпревари, – уверено одговорил поранешниот македонски капитен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни