Европски првенства
Ристовски: Треба да ги извлечеме позитивните работи од поразот

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов
Борко Ристовски како поранешен „министер за одбрана“ е дел од секое големо ракометно натпреварување, иако во последно време како голем фан плус на репрезентацијата и како гостин во телевизиските студија во ситуација кога неговите млади наследници добиваат шанси од селекторот Кирил Лазаров.
Ристовски како гостин во емисијата на „МТВ“ го анализираше првиот пораз на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство, по кој реши да ги извлече позитивните елементи од играта на младите ракометари, на кои и тој им беше ментор подолго време како еден од носителите на селекцијата.
– И покрај поразот, ме радува фактот што и натаму не краси борбениот дух кој е симбол за нас и во минатото. Штета е што не го искористивме налетот на првиот натпревар на голем настан што секогаш е одлика за нас. Ме радува што Томовски го започна првенството на вакво високо ниво и треба да се извлечат позитивните работи од поразот.
– Се појавија неколку млади играчи кои покажуваат дека можат да помогнат и позитивно сум изненаден од играта во одбраната, како одиграа Мишевски и Талески во одбрана. Денеска, одбранат беше подобриот дел од нашата игра, – анализираше Ристовски и додаде.
– Жалам што на крајот не ги искористивме одбраните на Томовски и силната одбрана. На крајот пресуди и искуството, не го искористивме џокерот да изненадиме на првиот натпревар. И покрај поразот, ќе кажам дека со ваков пристап ќе имаше шанси против Црна Гора и Данска, прикажаното ми дава за право да се надевам на победи, – заклучи Борко.
-
Балканпред 24 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 18 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 15 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Францијапред 23 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Англијапред 17 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 20 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги отпиша тројца играчи за утрешното дерби, но е среќен поради формата на Лукаку