Поврзете се со нас

Свет

Ристовски со мајсторија до првенец во Словачка (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/SpartakTrnava

Македонскиот напаѓач, Милан Ристовски го постигна својот прв гол за Спартак Трнава во првенството на Словачка.

Во десеттиот сезонски настап Ристовски дојде до првенецот за оваа кампања и тоа откако мајсторски се ослободи од дефанзивецот на Бањска Бистрица, Борис Годал по што следуваше реализација за водство од 2-0 во тие моменти.

Домаќините до крајот го намалија водството, но Трнава се израдува за победата со која стигна до 18 бод со што е доволно за петтата позиција на прволигашката табела.

Овде можете да го видите голот на Милан кој се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за соочувањата со Украина и Ерменија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни