Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски со гол ја потврди победата на Динамо Загреб (Видео)

Објавено

на

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски постигна погодок нанатпреварот помеѓу Истра и Динамо Загреб.

Актуелниот хрватски шампион славеше на овој натпревар со 2:0, а освен головите за обележување беше и грубата игра и трите црвени картони кои беа поделени на средбата.

Резултатот го отвори Гојак со погодок уште во 10. минута, додека Ристовски стави печат на победата во 98. минута од средбата.

Интересно е тоа што ТЕофил Кетрин и Бруно Петковиќ поцрвенеа кај Динамо Загреб, а на спротивната страна натпреварот предвреме го напушти Лучиќ.

Вториот македонски репрезентативец во дресот на Динамо Загреб, Арјан Адеми на теренот помина 66 минути.

Инаку, ова за Ристовски е прв погодок во дресот на Динамо Загреб на вкупно одиграни 26 натпревари оваа сезона. ВО досегашниот дел од сезоната, Ристовски забележал и три асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни