Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовски со емотивно обраќање: Македонското сонце го огреа светскиот фудбал…… (Фото)

Објавено

на

Стефан Ристовски ја наследи капитенската лента од Горан Пандев, а само осум месеци подоцна, имаше неизмерна чест да ја предводи селекцијата во едно бараж финале за Светско првенство.

Десниот бек на Динамо долги години е составен дел од најсилната македонска селекција и вчера одигра еден од најважните натпревари во кариерата, кој за жал заврши неповолно за сите наши херој од репрезентацијата, но и за цела македонска нација.

Сонот наречен Светско првенство не стана јаве и ќе мора да почекаме нова шанса, која веруваме дека ќе стигне доколку селекцијата продолжи да се развива во правецот како изминативе неколку години. Историскиот пласман на Европското првенство го зачинивме со победа над Германија и европскиот првак Италија, но за жал, тоа не беше доволно за да се најдеме во Катар.

– Драги наши навивачи, Од срце сакам да ви се заблагодарам за моментите кои ги доживеавме. Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Покажавме храброст и заедништво.

– Сплотени дојдовме на чекор до остварување на сонот на многу генерации. Горд сум на тимот. Заедно славиме, заедно тагуваме. Верувам дека во иднина ова искуство ќе ни донесе нов пласман на големо натпреварување. Македонско сонце го огреа светскиот фудбал. Ние сме шампиони на срцата, а некогаш тоа е поважно од се. Нетрпеливи до следниот предизвик. Верувајте во оваа Македонија. Напред Македонија, – порача капитенот на Инстаграм по поразот од Португалија (2:0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни