Поврзете се со нас

Свет

Ристовски со два гола му пресуди на лидерот во Словачка (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Милан Ристовски беше еден од играчите кој ја одбележа големата победа на Спартак Трнава над Слован Братислава во првата лига на Словачка.

Домаќините се изборија за триумф над лидерот на табелата од 3-0, а автор на два гола беше поранешниот младински репрезентативец. Ристовски ја презема одговорноста во 20 и 84 и биеше прецизно од белата точка.

Во листата на стрелци се запиша и Јусуф, па Трнава со 53 бода е на третото место на табелата.

Милан во досегашниот дел од шампионатот има дадено пет голови на десет натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни