Поврзете се со нас

Свет

Ристовски си обезбеди прв интернационален предизвик надвор од Македонија

Објавено

на

Марјан Ристовски промени доста македонски клубови во последните две години, а сега новата 2025-та ќе ја стартува со прво интернационални искуство.

Досегашниот офанзивен фудбалер на Брера Струмица си замина од македонскиот прволигаш и направи трансфер во редовите на грчка Кавала, клуб кој денеска се пофали со потписот на македонскиот интернационалец.

Крилниот фудбалер играше за Брера во првиот дел од сезоната и успеа да постигне три гола за тимот од Струмица, учинок кој очигледно беше доволно добар да го привлече вниманието на Грците.

Ристовски има богато искуство во Првата македонска лига и досега настапуваше за Борец, Работнички, Силекс и Вардар, но последните настапи ги имаше за тимот на Брера.

Кавала се натпреварува во Втората по ранг лига во Грција, а Ристовски е најавен како големо засилување за пролетниот дел од сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни