Поврзете се со нас

Европски првенства

Ристовски се потсети на првите зборови на Ангеловски: Си реков во себе, што зборува човеков…… (Фото)

Објавено

на

Стефан Ристовски како нов капитен на македонската фудбалска репрезентација си даде за право да испрати прозвика до неколку соиграчи кои сепак не ги именуваше, нагласувајќи им дека на едно Европско првенство се игра фудбал 90 минути, а не само во периоди.

Македонскиот десен бек нагласи дека Горан Пандев треба да им биде пример за тоа како се „гине“ за националниот дрес, но откако со сите почести го испрати македонскиот капитен, денеска му испрати порака и на човекот кој го создаде овој историски тим и оваа најдобра македонската фудбалска генерација.

– Шефе наш, се сеќавам на вашето доаѓање на чело на селекторската функција и на првиот состанок кога ни се обрати со следново… ДЕЧКИ, мојата цел е ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО…..

– Си реков на себе…. „што збори човеков“….. Но, вие и ние тоа го остваривме…. ЕВРО 2020.

– Ти благодарам што не обедини и што се чувствувавме како големо семејство. Ти благодарам што веруваше во нас, веруваше во нашиот квалитет, дека можеме да играме на вакво натпреварување. Ти благодарам што ја обедини ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, што направи да се чувстува горда на овој успех. Ти благодарам што ни овозможи да се чувствуваме како горди МАКЕДОНЦИ….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни