Балкан
Ристовски се огласи и се извини: Секогаш давам се од себе, секој дуел…

Стефан Ристовски имаше чуден меч за Динамо Загреб, меч во кој намести гол, учествуваше во акцијата за вториот, но потоа во рок од седум минути заработи два жолти картони и го остави својот тим со играч помалку на соочувањето со Хајдук, ситуација која гостите на крајот на искористија и се изборија за реми од 2-2.
Поранешниот македонски репрезентативец доби критики од навивачите на Динамо, па тој почуствува одговорност и им се извини на социјалните мрежи.
-Сакам да им се извинам на соиграчите и навивачите што заработив исклучување на овој важен натпревар. Секогаш давам се од себе и секој дуел го играм со желба за да му помогнам на тимот. Денеска за жал тоа резултираше со исклучување со кое ја отежнав работата на своите соиграчи. Можам само да се извинам и да ветам дека нема да се предадеме. Додека постои и најмала шанса за одбрана на титулата, нема да се откажеме, -напиша дефенаизвецот.
-
Лига на шампиони14 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет13 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија24 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона
-
Формула 114 часа
Мекларен издоминира во квалификациите за Ф1 трката во Австралија