Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски разочаран што Динамо има „крт“ во соблекувалната: Адеми не го заслужува ова, тој е мој брат!

Објавено

на

Аријан Адеми во последно време се почесто се поврзува со заминување од Динамо, но се најде на удар од медиумите и со натписи дека влегол во вербална расправија со тренерот Анте Чачиќ.

Дел од јавноста во Хрватска тврди дека капитенот на Динамо има нарушен однос со тренерот и поради тоа ќе си замине од клубот, а во медиумите беше раскажан и точен пример за тоа како се одвивала една ситуација во соблекувалната, верзија која сепак била извадена од контекст според зборовите на нашиот Стефан Ристовски.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација одработи интеврју за „Спортске новости“ и излезе во одбрана на својот добар пријател, искажувајќи го и своето незадоволство што очигледно е дека има „крт“ во соблекувалната на Динамо кој ги издава работите кои се кажуваат меѓу играчите и тренерот.

– Ќе ви одговорам најискрено, бидејќи јас не знам поинаку. Многу ме боли една работа, навистина ме боли. Не ми е јасно како од еден наш состанок во соблекувалната, работата стигна до јавноста. Не го велам ова бидејќи сакаме нешто да сокриеме, но соблекувалната е наша лична работа. Во такви ситуации, работите се вадат од контекст и никој не знае во каква атмосфера беше кажано тоа што беше кажано. Никој не знае во какви околности беа кажани тие работи, – открива Ристовски.

Во случајот, станува збор за ситуација во која тренерот Анте Чачиќ побарал од играчите да дадат свое мислење на неговото обраќање, по што во прв план го ставил капитенот Адеми. Аријан на ова одговорил „немам ништо да додадам“, па медиумите пренесоа дека Македонецот е лут и бесен на тренерот.

– Вистина е дека Адеми го кажа тоа, но сето тоа беше извлечено од контекст на злобен начин. На тој состанок владееше добра атмосфера, имаше и добри шеги меѓу нас. Чачиќ и мене ме праша дали имам нешто да додадам, а јас навистина немав што да додадам. После му се обрати на Адеми „ајде капитену, ти кажи нешто“. Аки, мојот брат само се насмеа и порача „немам што да кажам шефе, одиме понатаму“. Оваа шега медиумите ја претставика како нешто да „пукнало“ во соблекувалната. Нашиот тренер често бара мислење од нас, но најчесто никој нема што да додаде и тоа е нормално. Сепак, јас ќе се навратам повторно на следното. Како е можно да излезе таква работа од соблекувалната? Овде се работеше за шега, но може да излезат и посериозни работи. Зарем ќе им ги откриваме и тактиките на нашите противници? Очигледно е дека новинарите во Хрватска се многу силни и имаат свои врски на сите страни, – потенцира Ристовски, разочаран од тоа што има „крт“ во соблекувалната.

– Адеми не е само мој колега, тој е мој брат. Ќе ми биде многу жал ако си оди од Динамо. Мене најмогу ми е жал што се најде во вакви медиумски приказни, Аки не заслужува таков третман од медиумите. Тој е легенда на клубот, стои на располагање за нас 24 часа на ден. Ова е голема неправда за него, бидејќи тој секогаш е лидер во соблекувалната, – завршува десниот бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни