Ристовски промаши пенал, па се поправи од игра (Видео)

ristovski

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски продолжи да ги тресе мрежите во Словачка, односно денеска реализираше на средбата против Тренчин.

Прво нашиот напаѓач имаше шанса од белата точка да се запише во листата на стрелците, но противничкиот голман ја прочита неговата намера и му го одбрани пеналот во 14 минута. Ристовски се поправи во 74 кога се најде на вистинското место и донесе радоста за Нитра.

Сепак истата не траеше долго затоа што Депетрис во 77 стрелаше и ги постави конечните 1-1.

Ова за Ристовски беше осми сезонски гол со што е на второто место на листата на стрелци во најсилниот словачки шампионат.

Facebook Коментари