Поврзете се со нас

Македонија

Ристовски предизвика многу реакции со последната објава на Инстаграм (Фото)

Објавено

на

Стефан Ристовски беше капитен на македонската фудбалска репрезентација и тој беше човекот кој ја презема одговорноста во соблекувалната по повлекувањето на Горан Пандев, но поради недоразбирања со актуелниот селектор, самиот реши да стане недостапен за националниот тим.

Дефанзивецот кој игра импресивно во Динамо се уште е во врвна форма и важи за фудбалски материјал каков што нема во најсилната репрезентација, па токму поради тоа во изминатите три дена на големо се зборува за негов кам-бек во тимот на Милевски.

Оваа идеја стана актуелна поради новиот претседател на Фудбалската Федерација, Масар Омерагиќ, кој при едно од првите обраќања јасно стави до знаење дека најдобрите играчи мора да играат за најсилната селекција во нашата земја.

Новиот претседател најави дека ќе се заложи за надминување на бариерите кои постојат меѓу Милевски и Ристовски, а во целиот случај секако важен адут ќе биде и Горан Пандев.

По најавите за негово враќање во репрезентацијата, со интересна објава на социјалните мрежи се јави и самиот Ристовски, кој реши да сподели фотографија на Инстаграм на која е облечен во опремата на Македонија.

Архивската слика од многумина е протолкувана како најава за негов кам-бек во тимот на Милевски, па сега останува тоа да биде и официјално потврдено.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни