Поврзете се со нас

Свет

Ристовски позираше со освоените трофеи, Бруно го поздрави со еден збор (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Динамо Загреб на најдобар можен начин ја заврши сезоната која изгледаше помалку загубена некаде на стартот на месец март, кога разочарувачките резултати во Европа влијаеја и врз формата на домашна сцена.

Тренерот Јакировиќ ја издржа кризата и успеа да го изведе тимот на прав пат, а Динамо на крајот влезе во завршен спринт со кој импресивно стигна до двете најважни титули.

Динамо ја доби битката со Ријека и во домашното првенство и во финалето во Купот, па ако се земе во предвид дека Динамо го освои и Суперкупот во месец јули, сезоната беше заокружена со тројна круна.

Играчите на Динамо ги славеа шампионските титули со навивачите во Загреб и Стефан Ристовски и Аријан Адеми уште еднаш доживеаја специјални моменти, кои станаа уште попознати и поради објавата на Бруно Фернандеш.

Капитенот на Манчестер Јунајтед му оддаде признание на својот поранешен соиграчи од Спортинг Лисабон, па под фотографијата на која Ристовски позира со трите трофеи, Бруно го издвои зборот „Феномен“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни