Поврзете се со нас

Македонија

Ристовски помогна, Вардар оди во карантин пред дерби пресметката со Воска Спорт

Објавено

на

Овој викенд се игра 25. коло во Втората македонска лига, а истото ќе биде одбележано од дерби средбата меѓу Воска Спорт и Вардар.

Се работи за исклучително важен меч во кој нема да има публика по одлуката на домаќинот кој реши да нема навивачи на „Билјанини Извори“ и тоа поради безбедносни причини. Навивачката група „Комити“ пак одлучи во недела да се упати во Охрид и да му даде поддршка на својот клуб што секако е уште една вест во низата кои се поврзани со овој натпревар.

Од Вардар вечерва пак ја информираа јавноста дека екипата ќе замине во карантин пред важниот меч, а за тоа е „виновен“ репрезентативецот Стефан Ристовски кој дал помош, поддршка во овој важен момент. Ристовски е дете на Вардар и со ова само потврдува колку му значи најтрофејниот македонски клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни