СЕХА лига
Ристовски по поразот од Веспрем: Вардар ќе има добра сезона ако…

Екипата на Вардар не успеа да направи изненадување и го загуби финалето од Веспрем во СЕХА лигата.
Вардар немаше одговор за Коралес и компанија, Веспрем е новиот шампион во СЕХА лигата
„Црвено-црните“ едноставно не успеаа да му парираат на унгарскиот состав, од почетокот до крајот беа во негатива, ја бркаа предноста која ја имаа Манасков и компанија, ама без успех и на крајот заслужено титулата заврши кај Веспрем.
Меѓутоа без разлика на овој пораз и играта на вечерашната средба во Задар, искусниот Борко Ристовски е оптимист и верува дека оваа екипа на Вардар може да расте, напредува и има многу добро сезона ако успее да поправи дел од работите кои не функционираа на овој завршен турнир.
-Заслужена победа за нив на крајот. Имаме многу нови играчи и очигледно ќе ни треба малку време за да ги доведеме работите во вистинска насока. Овој турнир ни помогна да сфатиме дека има уште многу работи на кои треба да работиме и верувам дека во случај да успееме да се подобриме во тие аспекти на играта, ќе имаме добра сезона. Тоа е она што е најважно за нас во моментот.
-Денес докажавме дека не дојдовме тука со „бело знаме“. Во спортот треба да се борите цело време и до последниот свиреж без разлика кој стои на спротивната страна од теренот. Чувствувам дека денеска можевме да бидеме многу подобри. но на крајот го имаме она што го имаме. Повторувам, заслужена победа за нив на крајот, -истакна Ристовски.

- Германијапред 23 часа
Големото засилување на Борусија од Реал конечно проработи: Постигна деби гол во Бундеслигата после цели шест месеци (Видео)
- Англијапред 24 часа
Судијата Мејсон се посрамоти и предизвика неверојатна конфузија на дуелот ВБА-Брајтон (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Куман не му даде ниту една минута на Гризман: Ова не е казна за него, ни требаше побрз играч!
- Италијапред 22 часа
Букмејкерите предвидуваат лесни победи за фаворитите во Серија А
- Германијапред 20 часа
Нојер не штеди никого: Капитенот на Баерн бесно викаше по „заспаниот“ Алаба (Видео)
- Италијапред 21 час
Историја во Италија: Судијата Орсато утре ќе урне една голема фудбалска бариера во Серија А
- Италијапред 22 часа
Меџорини се кандидираше за наградата „Пушкаш“ (Видео)
- Англијапред 9 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….