Ристовски: Со овој судија немаше да победи ниту Шпанија

ristovski

Македонија доживеа тежок пораз од Ерменија на гостувањето во Ереван, пораз кој беше прв за нас во Лигата на нации.

Овој пораз никој не го очекуваше, особено по низата на длични резултати и партии. Меѓутоа се случи и тоа, загубивме со 4-0 во меч во кој имаше неколку одлуки на наша штета од главниот арбитар Мартин Стромбергсон, одлуки кога се кршеше резултатот, па затоа со право се жалат луѓето од нашиот табор.

Токму тоа не заборави да го спомени ниту десниот бек Стефан Ристовски кој воедно напомена и дека овој пораз треба да им послужи како добра лекција за во иднина

-Кога се ќе се собере, утре никој нема да ве праша кој е виновен, дали судијата или некој друг, таму пишува дека Македонија загубила со 4-0, ова ви го кажувам како играч и како навивач. Меѓутоа кога веќе правиме анализа, со овој судија ниту Шпанија немаше да победи, а не пак Македонија. Ова е тежок пораз  затоа што пред се фативме еден убав залет и вака сега да загубиме со 4-0, покажавме една лоша слика. Ама можеби овој пораз убаво ќе ни дојде за понатака, да се спуштиме на земја, да сфатиме некои работи. Под притисок се покажуваат правите мажи, ќе дојдат вакви натпревари, ќе се појават вакви судии, не можете постојано да играме со слаби репрезентации. Убаво е кога се победува со 4-0, кога имате посед на топка, но кога е спротивно мора да се покажеме и останеме цврсти како екипа, -порача Ристовски.

Facebook Коментари