Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовски: Одиме чекор по чекор, распоредот ни оди во прилог

Објавено

на

Стефан Ристовски како капитен на македонската фудбалска репрезентација му правеше друштво на Благоја Милевски на денешната прес-конференција, со која беше означен старт на официјалните обврски кои ќе ги имаат нашите фудбалери на новите евро-квалификации.

Македонија отвора утре против Малта на домашен терен и императив ќе биде да се освојат три бода, особено ако се знае дека во нашата група се селекциите како Англија и Италија, но и Украина.

Капитенот Ристовски смета дека Малта е противник по мерка за да се освојат три бода на стартот, односно победа би значела ветер во грб за многу потешките натпревари кои ќе следат.

– Малта е противник по мерка за да отвориме со победа. Триумфот е најважен во овој момент. Ние сме во една од потешките групи на овие квалификации, имаме два фаворити за европската титула како Англија и Италија.

– Тука е и Украина која има добри резултати, но за нас најважно ќе биде да останеме здрави оваа година. Одиме чекор по чекор, распоредот е добар и ако ја победиме Малта, ќе добиеме ветер во грб за тоа што следи, – изјави Ристовски.

Натпреварот против Малта се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни