Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот

Објавено

на

Динамо Загреб ја оправда фаворитската улога и против Лудогорец и се пласираше во плејоф рундата во Лигата на шампионите, во која ќе има завршен тест против Бодо Глимт за пласман во групната фаза на најелитното натпреварување.

По победата од 1:2 во Бугарија, Динамо поведе со 1:0 и доби ветер во грб со црвениот картон на Лудогорец, но откако поведе со 3:0 непосредно пред паузата, следеше чуден пад во играта на тимот на Чачиќ.

Бугарите со играч помалку се вратија во игра и постигнаа два гола со кои внесоа немир меѓу домашните играчи и фановите кои испраќаа и свирежи од трибините, па до крајот следеше и груба игра која резултираше со уште два црвени картони на Лудогорец. Во такви услови, Динамо во самата завршница ги постави конечните 4:2, па и покрај пласманот во плејофот, хрватската јавност одново имаше критики за играта на тимот на Чачиќ.

Стефан Ристовски не се согласува со ваквите ставови во јавноста, а не го прифати ниту описот на мечот кој многумина го окарактеризираа како бизарен.

– Бизарен меч? Зошто бизарен? Па ова е фудбал, фудбалот е таков. Ние пројдовме понатаму и сега ни преостанува плејофот и се надевам дека ќе избориме групна фаза. Им честитам на момците, идеме понатаму. Денес победуваш, утре мора да се регенерираш и да продолжиш напред. Прво ни доаѓа Хајдук, а потоа ќе мислиме на Норвежаните. Од недела ќе мислиме што понатаму во Лигата на шампионите, – изјави Ристовски кој беше изваден на крајот за да не ризикува жолт картон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни