Ристовски: Мораме сите да останеме здрави за да го победиме овој вирус (ВИДЕО)

borko ristovski vs germanija

Македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски испрати уште една порака до македонската јавност, нашите граѓани во периодот кога се бориме со пандемијата со коронавирусот.

Ристовски поради оваа ситуација не може да ги врши своите редовни обврски и да му помогне на Вардар во остварувањето на целите, но тој ја одржува формата и од Водно им порача на жителите на нашата земја, да останаме здрави за да го победиме овој вирус.

Воедно тој потенцираше и да купуваме македонски производи, а со тоа да и помогнеме на нашата економија.

Facebook Коментари