Поврзете се со нас

Македонија

Ристовски: Мораме да останеме сплотени за да ги оствариме целите со Вардар

Објавено

на

Екипата на Вардар 1961 ги започна подготовките за продолжението од сезоната кое дефинитивно ќе донесе многу обврски, предизвици, натпревари за „црвено-црните“ кои во првиот дел повеќе време беа надвор од терените со оглед на тоа што во повеќе наврати имаа позитивни случаи на КОВИД-19.

Меѓутоа сега тоа е заборавени и тимот почна да се подготвува за пролетниот дел од сезоната со тоа што особено тешко треба да биде во февруари кога треба да одигра седум натпревари од Лигата на шампионите, плус уште два од СЕХА лигата.

Борко Ристовски е еден од најискусните играчи на Вардар и според него сите заедно треба да останат мотивирани, сплотени ако сакаат да ги остварат зацртаните цели на клубот.

-Конечно, по завршување на зимската пауза се собравме на подготовки за тоа што не чека, а тоа е тешкиот месец февруари во кој имаме премногу натпревари и мислам дека тоа е нешто што мора да не мотивира и да нѐдржи сплотени ако сакаме да ги оствариме сите цели кои ги имаме зацртано со Вардар. Едноставно, оваа пауза на сите добро ни дојде за да се рехабилитираме и да оздравиме од ситните повреди кои ги имаме.

-Имаме тежок распоред, во кој мораме да останеме фокусирани и цврсто на земја и да се обидеме да ги вратиме тие неколку меча, кои ни избегаа во првата полусезона и да направиме што е можно подобар резултат за Вардар, а тоа значи и повисок пласман на табелата, но и полесен противник во баражот. Нѐ очекува многу работа, фокус и концентрација. Ќе мислиме на успесите на Вардар и на ракометот во Македонија, -вели Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни