Балкан
Ристовски: Кога не понижуваат и отпишуваат, тогаш сме најсилни!
Динамо Загреб минува низ резултатска криза и главна причина за тоа се многуте повредени играчи во екипата, но без разлика на тоа хрватскиот тим вчера остана непоразен во пресметката со Селтик и останува во игра за нокаут фазата на Лигата на шампионите.
Лошите изданија во претходниот период донесоа доста критики за Динамо, па овој бод со Селтик беше можност за нашиот Стефан Ристовски да испрати порака во негов стил.
-Задоволен сум, им честитам на момците, пристапот беше исправен, жалам што не постигнавме гол, но игравме против сериозен противник. Драго ми е што покажавме дека се уште сме живи и никој нема да ни ги одземе целите и соништата. Почнавме претпазливо, ама енергијата беше присутна.
-Бевме живи, одигравме многу добар натпревар. Фокусот сега е на SHNL. Имаме проблеми, но нема да се предадеме. Кога луѓето вака не понижуваат и отпишуваат, Динамо е најсилен, -истакна Ристовски кој запрашан за тоа дали ова е најголемата криза откако тој е во клубот одговорот беше следен:
-Знаеш ли колку бодови имаме во Лигата на шампионите? Прелесно го отпишувате Динамо и сето тоа. Ова е единствениот клуб кој ја претставува земјата во Лигата на шампионите. Кога победуваме, сите се околу нас. Кога ќе се изгуби, тогаш се зборува за криза. Што се однесува до повредите, дефинитивно е најтешкиот период, нешто се случува. Но, немате време или простор за кукање, треба да гледате подалеку во иднината, да се борите. Тоа ни останува и така ќе биде. Ќе издржиме, како што издржавме се, и ќе ги издржиме овие две кола, -заврши Ристовски.
-
Англија22 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП16 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија15 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија14 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Германија18 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија14 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан