Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовски испрати индиректна „отровна стрела“ по поразот на Македонија од Хрватска (Фото)

Објавено

на

Стефан Ристовски го наследи Горан Пандев како капитен на репрезентацијата и навистина добро се снајде во оваа улога, но поради недоразбирање со селекторот Благоја Милевски, дефанзивецот на Динамо Загреб реши да се повлече од националниот тим.

Ристовски веќе некое време одолева и засега не се враќа во македонската репрезентација, а по поразот кој го претрпе тимот на Милевски на гостувањето во Ријека, Стефан привлече внимание со своето стори кое го објави на социјалните мрежи.

Десниот бек испорача една зајадлива „отровна стрела“, па иако станува збор за индиректна прозивка, јасно е дека сликата е наменета за дел од фудбалерите кои се актуелни репрезентативци.

Ристовски очигледно не е задоволен од залагањето и пожртвуваноста која ја покажуваат играчите на Милевски, па со една негова слика од минатото кажа повеќе од илјада зборови.

Членот на Динамо беше подготвен да пролее и крв за националниот тим, па искористи токму една таква слика за да го искаже незадоволството…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни