Балкан
Ристовски: Имаше многу навреди од Ријека, ама јас никогаш…

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски одлучи во оваа календарска година да ја промени клупската средина и од Спортинг Лисабон премина во хрватскиот шампион Динамо Загреб.
Ова дефинитивно не беше добро прифатено во Ријека и навивачите на овој клуб со оглед на тоа што мина две одлични години на „Рујевица“ и беше вистински миленик. На адреса на Ристовски стигнале многу навреди, ама нашиот дефанзивец порачува дека никогаш нема да каже ништо лошо за Ријека, тим со кој ја освои титулата во домашниот шампионат и Купот на Хрватска.
-Беше несоодветно, сепак каде и да играм, живеам за тој клуб, јас сум таков карактер. Јас го бранам тој клуб и живеам покрај клубот. Отсекогаш сум имал убави моменти во Ријека, ги почитувам и сакам овие луѓе, но нека го толкуваат сето ова како што сакаат. Тој период беше можеби мојот омилен во кариерата и се надевам дека ќе имам такви моменти и во Динамо. Сигурно не е убав пример сега кога ги извлекоа тие текстови за мене, но тоа беше голема страст и еуфорија, не само за мене, туку и за цела Ријека, -вели Стефан и додава:
-Но јас сум професионалец, каде и да играм така се однесувам. Живеам за клубот, така ќе биде и тука. Кој и да ме навредуваше или на кого му пречеше, мене тоа не ме интересира, -порача нашиот ас.

- Европски првенствапред 23 часа
УЕФА го менува планот, ЕП може да се одржи само во една држава
- Англијапред 24 часа
Баји со уникатен одговор за вечната дебата: Меси или Роналдо? Јас ќе кажам Рамос
- НБАпред 22 часа
Ирвинг: Коби треба да биде новото лого на НБА лигата (ФОТО)
- Лига на шампионипред 21 час
Фердинанд му ги посочи двете најголеми закани на Гвардиола во Лигата на шампионите
- Светпред 16 часа
Панучи: Освоив се во Милан, но само еден клуб е „фудбалски Холивуд“!
- Лига на шампионипред 19 часа
Лазаров беше најдобар против европскиот шампион, Нант испушти победа во завршницата
- Англијапред 18 часа
Фабрегас го издвои играчот кој менува натпревари во Арсенал: Каква зрелост и каква интелигенција (Фото)
- Светпред 20 часа
Ибра направи разлика меѓу „старата фудбалска школа“ и новата генерација на фудбалери: Одиграле добри пет минути…..