Поврзете се со нас

СЕХА лига

Ристовски имаше клучна двојна интервенција, Вардар со доста мака до триумф над Нексе

Објавено

на

blank

Ракомерите на Вардар издвојуваа минимална победа над Нексе од 27-26 на вечерашната пресметка во СЕХА регионалната лига.

Ова за вардарци е добра најава за пеколните предизвици кои престојат во овој месец, но и предупредување дека треба да се подобрат доста работи ако се сакаат добри резултати на следните натпревари. „Црвено-црните“ одиграа добро, стабилно прво полувреме кое го завршија со позитива од 15-12, меѓутоа продолжението беше далеку од идеално и лесно можеше да се случи гостите со реми да си заминат од Скопје.

blank

Хрватскиот тим во неколку наврати го изрмануваше резултатот, па се влезе во неизвесна завршница во која на самиот крај Борко Ристовски имаше две клучни интервенции при ударите на Кевиќ во последната минута при резултат 27-26.

blank

Вардар потоа ја задржа топката и дојде до нова победа во СЕХА лигата.

Талески и Чупиќ со по 6 гола беа први стрелци, голманот Ристовски имаше 7 одбрани.

Кевиќ кај Нексе даде 7 погодоци, десет интервенции пак имаше Радовановиќ.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни