Поврзете се со нас

Лига Европа

Ристовски и Динамо паднаа во Виена, Лацио немаше решение за жилавиот Марсеј

Објавено

на

Динамо Загреб на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски претрпе пораз од Рапид Виена од 2-1 во средбата од третото коло во групната фаза на Лига Европа.

Хрватскиот шампион влезе во овој меч како благ фаворит со оглед на тоа што нивниот противник ги загуби првиот два мече во групата, меѓутоа секој натпревар е посебен и вечерва домаќините се избори за први бодови и победа.

Најзначајните моменти се случија во првото полувреме во кое Грул и Хофман погодија за Рапид, додека пак Орсиќ стрелаше за Динамо. Ристовски беше стартер и активен на теренот до 78 минута кога му го препушти местото на Мохарами.

Вториот наш адут Аријан Адеми поради повреда не беше во комбинација за настап.

Во Рим, Лацио и Олимпик Марсеј одиграа без победник и без голови. Калчолигашот не ја искористи предноста на домашниот терен, односно немаше решение за противникот на кого ова му беше третот реми во оваа група Е во која се уште Галатасарај и Локомотив Москва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни