Лига Европа
Ристовски и Адеми во осминафинале, Славија Прага го шокираше Лестер (Видео)

Додека Црвена Звезда немаше среќа и не доби награда за својот јуначки настап на „Сан Сиро“ (1:1), Динамо Загреб ја продолжува својата традиција како клуб од регионот кој оди најдалеку во Европа, откако вечерва го завери пласманот во осминафиналето во Лигата на Европа.
Откако славеше со 2:3 во Русија, „модрите“ вечерва на домашен терен го победија Краснодар со минимални 1:0, натпревар на кој одново стандардни беа македонските репрезентативеци кои ќе ги гледаме меѓу 16-те најдобри во второто по ранг натпреварување на стариот континент
Орсиќ беше стрелец на единствениот гол уште во првото полувреме, додека Стефан Ристовски и капитенот Аријан Адеми ги одиграа сите 90 минути и беа дел од уште една важна победа на европската сцена.
Од останатите средби, Славија Прага го изрежира најголемото изненадување во средбите од 21:00 часот, бидејќи чешкиот тим го шокираше фаворизираниот Лестер.
„Лисиците“ играат одлично во Премиер лигата, но сега ставија крај на своето европско патување, бидејќи на домашниот „Кинг Пауер“ загубија со 0:2. Провод и Сима ги шокираа фаворизираните домаќини и заверија билет во осминафиналето, каде ќе го гледаме уште Јанг Бојс кој славеше на гостувањето кај Баер Леверкузен со 0:2. Рома ја победи Брага со 3:1 и со вкупни 5:1 патува во наредната фаза, додека Манчестер Јунајтед се задоволи со победата од првиот меч и вечерва одигра само 0:0 со Реал Сосиедад.

- Шпанијапред 18 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 19 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 22 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 16 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити