Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовски и Адеми се израдуваа на нова победа во ЛШ со Динамо

Објавено

на

Стефан Ристовски и Аријан Адеми се израдуваа на уште една победа во Лигата на шампионите, откако Динамо беше убедлив на гостувањето кај Слован во Братислава (1:4).

Хрватскиот шампион прв прими погодок во Словачка, а Стрелец го отвори резултатот уште во 5. минута, предност која траеше само пет минути.

Шпикиќ реализираше по една индивидуална акција за израмнување, а Сучиќ во 30. минута го комплетираше пресвртот за предност на полувреме.

Во вториот дел, Куленовиќ два пати погоди за „модрите“ и на тој начин стави крај на неизвесноста во Братислава.

Ристовски одигра цел натпревар за Динамо, Адеми влезе во вториот дел, а клубот од Загреб сега има седум бодови на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни