Поврзете се со нас

Лига Европа

Ристовски и Адеми немоќни против Вест Хем, Црвена Звезда ја совлада Брага

Објавено

на

Екипата на Динамо Загреб каде играат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Арјан Адеми претрпе пораз во првиот натпревар од групната фаза од Лига Европа откако на „Максимир“ загуби со 2:0 од фаворизираниот противник Вест Хем.

„Чеканите“ беа подобар противник и ги собраа трите бода со головите на најдобрите играчи на клубот, Мишел Антонио и Деклан Рајс.

Во редовите на Динамо Загреб цел натпревар одигра Арјан Адеми, додека од првата минута започна и Стефан Ристовски кој подоцна беше изваден од игра.

Од другите натпревари,  Црвена Звезда славеше победа против Брага со 2:1, Баер Леверкузен ја искористи фаворитската улога против Ференцварош и славеше со 2:1, а Галатасрај беше подобар од Лацио со 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни