Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски и Адеми ќе добијат нов тренер во Динамо Загреб

Објавено

на

Македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе добијат нов тренер во Динамо Загреб.

Имено досегашниот стратег на хрватскиот шампион Дамир Крзнар одлучи да си поднесе оставка од функцијата по поразот од Ријека од 3-1 во четвртфиналето на Купот. Динамо не беше на посакуваното ниво во оваа сезона особено во последниот период каде тешко добиваше натпревари и во Хрватска каде и го загуби првото место на табелата, па ова заминување на Крзнар не е изненадување.

Сега Динамо почнува потрага по нов стратег, а информациите на медиумите велат дека додека се најде перманентно решение тимот ќе го води Жељко Копиќ.

Фото: Динамо Загреб

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни