Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски и Адеми добија нов тренер во Динамо

Објавено

на

Динамо Загреб на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми го објави името на новиот тренер, односно наследникот на Дамир Крзнар.

Управата на хрватскиот првак одлучи тоа да биде Жељко Копиќ кој во изминативе 20-тина дена и ја водеше екипата. Тој треба да биде привремено решение, но клубот од Загреб реши да го остави на функцијата со тоа што тој истовремено ќе биде и спортски директор.

Динамо оваа календарска година ја заврши на првото место во домашниот шампионат, додека пак во Лига Европа ќе игра во првата нокаут рунда,плејофот против Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни