Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски е во најдобрата единаесетка на колото во Словачка (ФОТО)

Објавено

на

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски доби место во идеалниот тим на колото во првата лига на Словачка.

Ристовски беше автор на два гола во победата на Спартак Трнава над лидерот Слован Братислава (3-0), а тоа беше доволно да го привлече вниманието, добие признание за направеното со позиција во составот на рундата во формацијата 4-4-2.

Инаку Милан во текот на оваа календарска година дојде до Трнава и во досегашниот тек на десет лигашки средби има дадено пет погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни