Поврзете се со нас

Свет

Ристовски доби нова понуда, во јануари ќе мора да си оди од Спортинг Лисабон

Објавено

на

blank

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски во јануари дефинитивно ќе мора да бара решение за својата кариера со цел да стекне што повеќе натпревари во пресрет на Европското првенство кое ја чека Македонија следното лето.

Десниот бек се уште е „замрзнат“ во тимот предводен од Рубен Аморим и како што стојат работите тој нема да добива шанса за настап во дресот на Спортинг Лисабон додека младиот португалски стратег седи на клупата на тимот.

Токму затоа, Ристовски ќе мора да ги разгледа понудите кои на негова адреса ќе пристигнат во јануари и ќе треба да прифати една со цел да може што побрзо да се врати во натпреварувачки ритам.

Руските медиуми јавуваат дека Динамо Москва не се откажува од нашиот фудбалер и дека во јануари ќе испрати нова понуда за играчот кој сам ќе одлучи дали сака да се пресели во Русија или ќе почека друга понуда.

Освен Динамо Москва, за Ристовски се интересираше и Локомотив Москва, но медиумите во Русија засега не го споменуваат овој клуб како можна следна дестинација за играчот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни