Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовски: Дали може да се повтори Дуизбург? Ние имаме играчи од голем калибар…

Објавено

на

Македонија овој октомврски „прозорец“ од квалификациите за Светското првенсто ќе ги заврши со битка против главниот фаворит во нашата група селекцијата на Германија.

Средбата се игра утре во вечерниот термин од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје каде нашите фудбалери ќе ја имаат поддршката од навивачите кои ги „собраа“ сите билети кои беа пуштени во распродажба. Ова е дуел кој за „црвено-жолтите“ ќе биде можност да ново докажување против големата Германија која да не заборавиме ја добивме во Дуизбург со 2-1.

Токму ваквиот резултат носи дополнителна енергија, оптимизам дека едноставно можеме повторно да го шокираме големиот гигант на светкиот фудбал.

-Дали е можно да се повтори Дуизбург? Спортски и човечки е да се надеваш, ние имаме играчи од голем калибар кои се носители во своите клубови. Ако се поклопат некои работи може да дојдеме до добар резултат, -истакна капитенот Стефан Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни