Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовски: Бевме многу нервозни, но убаво е да се победува дури и кога не играте добро

Објавено

на

Составот на Вардар се избори за победа над ППД Загреб од 20-19 и со тоа направи значаен исчекор кон пласман во наредната фаза во Лигата на шампоните.

Средбата во СЦ „Јане Сандански“ беше многу цврста, борбена, неизвесна, но избраниците на Давид Дејвис Камара го имаа последниот збор за четврто сезонско славје во елитното натпреварување.

-Сакам да и честитам на екипата на Загреб за борбениот натпревар за кој не можам да кажам дека беше многу квалитетен, но беше доста неизвесен и донесе други квалитети освен ракометните, како борбеност, пожртвуваност за својот дрес. Можеби ако гледаме реално бодот ќе беше најреален, меѓутоа во спортот не секогаш победува подобриот, оној кој бил подобар на теренот, -истакна голманот Борко Ристовски и притоа додаде:

-Ние бевме подготвени за овој натпревар, но како што кажа и тренерот целата екипа беше премногу нервозна, не знам од кои причини, можеби премногу притисок. Не се испочитуваа некои работи, дали од премалку време, притисок, ама како и да е, ние сме среќни со оваа победа.

-Од натпревар во натпревар напредуваме. Секогаш е добро да победувате дури и кога не играте добро, тоа е секогаш плус за една екипа, значи дека се уште има простор за напредок. Задоволни сме. Наше е да се посветиме на самите себе и да работиме уште повеќе во понатамошниот дел од сезоната во кој ќе чекаат многу потешки натпревари од овој, -заврши Ристовски кој имаше 37.5 проценти на одбранети удари.

Следен ривал за „црвено-црните“ во ЛШ е Мешков Брест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни