Ристовски и Бенфика ја уништија Дубрава во ЕХФ Купот

borko dodava

Тимот на Бенфика за кој настапува македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски обезбеди пласман во третото квалификациско коло во ЕХФ Купот.

Португалскиот првологаш славеше во двомечот против Дубрава од Хрватска со 63-44. Во првата средба Борко и компанија се намачија и остварија триумф од 29-28 за да во реваншот следи вистинско шоу на избраниците на Карлос Ресенде, славје од 34-16.

Одличен на голот беше на нашиот Ристовски, додека пак листата на стрелци ја предодеше Петар Ѓорѓиќ со осум голови.

Facebook Коментари