Ристовски и Бенфика ја продолжија победничката серија

borko na gol

Тимот на Бенфика од кој дел е македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски ја продолжи одличната серија и славеше над екипата на Виторија со 33-25.

Ова за клубот од Лисабон беше седми триумф во сите конкуренции или петти во низа во првата лига на Португалија. Фаворитот дилемите околу победникот ги реши уште во првиот дел во кој направи предност од 11 разлика (21-10), па продолжението беше чиста рутина.

Переира со седум гола беше прв стрелец, нашиот Ристовски собра 4 одбрани или поточно запре 21 процент од ударите кон неговиот гол.

Facebook Коментари