Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски асистираше и заработи црвен картон, Динамо и Хајдук ги поделија бодовите во хрватското дерби (ВИДЕО)

Објавено

на

Динамо Загреб и Хајдук ги поделија бодовите играјќи 2-2 во големото дерби во 24. коло во првата хрватска лига.

Актуелниот првак двапати водеше на „Максимир“, гостинот се враќаше, па со овој резултат намногу доби Ријека која останува на првото место на табелата.

Аријан Адеми поради повреда одигра само 28 минути, додека пак Стефан Ристовски имаше чуден натпревар во кој забележа асистенција при водечкиот гол на Батурина, потоа директно учествуваше во акцијата за 2-1 на стартот на вториот дел за да од 55 до 61 минута заработи два жолти картони и му направи проблем на својот тим.

Хајдук дури во 91 минута ја искористи предноста од играч плус на теренот и со погодокот на Кровиниќ избегна пораз во хрватската престолнина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни