Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовска промаши само еднаш, ЦСКА со два бода се враќа од Турција

Објавено

на

ЦСКА Москва на Сара Ристовска ги освои посакуваните два бода од денешното гостување во Турција кај Кастамону во рамките на 13. коло во Лигата на шампионите.

Домашниот тим пружи силен отпор, особено беше опасен во вториот дел во кој се врати по голема негатива, но ЦСКА го имаше последниот збор, го зададе последниот удар за конечни 31-29 (18-15).

Ова за рускиот претставник беше шести триумф во оваа фаза, славје во кое македонската репрезентативка придонесе со два погодоци од три обиди.

Наредното коло за Ристовска и другарките е на домашен терен на 20 февруари против составот на Мец кого го изненадија во првиот дел на негов терен (32-24).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни