Поврзете се со нас

Свет

Ристовска перфектна во новото славје на ЦСКА Москва

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/whccska

ЦСКА Москва игра без грешка во оваа сезона во првата лига на Русија, шампионат во кој сега има 34 победи во 34 натпревари.

Последниот е остварен на домашен терен над составот на Лада Тољати со 30:26. Гостите за разлика од претходните пресметки во оваа сезона покажаа заби, беа порамноправен противник, ама на крајот тоа беше доволно само за подостоинствен пораз.

Македонската репрезентативка Сара Ристовска имаше перфектна партија со три голови од три обиди, Михаиличенко со осум голови беше лидер на листата на стрелци.

Нареден противник за ЦСКА е Астраханочка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни