Поврзете се со нас

Свет

Ристовска одигра скоро перфектен меч, Рапид продолжи да победува во Романија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/handbalrapidbucuresti/

Рапид Букурешт на Сара Ристовска држи ритам и реди победи во романскиот шампионат каде последна жртва беше составот на Залау.

Гостинските ракометарки го оправдааа, потврдија статусот на фаворитки и се радуваа на триумф од 28:25. Рапид одигра слабо прво полувреме во кое постигна само 9 гола (13:9), но по одморот се смени ситуацијата на двете страни на теренот и учесникот во Лигата на шампионите направи пресврт и дојде до резултатот што го посакуваше.

Македонската репрезентативка Ристовска беше меѓу најзабележителните ракометарки во таборот на победникот со четири гола од пет обиди.

Следно за Сара и компанија е соочувањето со Будуќност во ЛШ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни