Поврзете се со нас

Свет

Ристовска одигра без грешка, ЦСКА забележа нова победа

Објавено

на

foto:www.facebook.com/whccska

ЦСКА Москва на Сара Ристовска го надигра составот на Черноморочка со 32:23 во денешниот дуел во првата лига на Русија.

Само пред неколку дена ЦСКА против истиот овој ривал оствари триумф во Купот, триумф вреден пласман во наредната фаза за да сега уште еднаш го надигра, ама далеку поубедливо, посигурно.

Домаќиниот уште во првото полувреме покажа сила и се избори за предност од 18:12, позитива која дополнително ја зголеми во вторите 30 минута.

Македонската репрезентативка Ристовска одигра квалитетно, перфектно со четири гола од исто толку обиди за 30 минути на теренот.

Следен предизвик за крилото и колешките ќе биде гостувањето кај Лада Тољати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни